Доволни беа само два месеци за да ги убеди, лидерите на ПСЖ решиле да го купат Икарди

by
1 минути читање

Аргентинецот во последните денови од летниот преоден рок пристигна на Паркот на Принцовите. Зделеката е позајмица до крајот на сезоната, а се верува дека ПСЖ поседува и опција да го купи напаѓачот за околу 70 милиони евра.

По кусиот период на прилагодување на новата средина, Мауро Икарди почна редовно да ги тресе противничките мрежи и веќе има седум гола на седум меча.

Тутомеркатовеб вели дека радковоството на „светците“ е задоволено од она што го виделе, па по само два месеци донеле одлука да го направат перманентен престојот на голгетерот во Париз.

Тие во декември и јануари ќе се обидат да ги испеглаат сите детали со Интер, и да се осигураат дека друг клуб нема да им го украде Мауро Икарди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×