Довбик го изигра Атлетико, па неговиот агент ги дотепа: Немаат сериозен проект!

by bojan
1 минути читање

Агентот на Артем Довбик објасни зошто се решиле за трансфер во Рома наместо во Атлетико Мадрид, популарните „колчонероси“ немале сериозен проект.

На почетокот од оваа недела, Атлетико Мадрид си подаде рака со Жирона за трансфер на Артем Довбик.

И кога се чинеше дека Украинецот ќе биде наследникот на Алваро Мората, Рома замеша прсти и сега „волчицата“ е на добар пат да го украде Украинецот.

Неговиот агент објасни зошто се решиле на еден ваков чекор: „Атлетико е голем клуб, но немаат сериозен проект за Артем“.

„Нивната понуда исто така е значително пониска од финансиски аспект споредено со другите кои ги добивме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани