161
Актуелниот бранител на
титулата во најсилниот фудбалски шампионат на Англија, Челси загуби минимално
во дербито против Манчестер Сити, а според информациите кои пристигнуваат,
вистинска драма се случувало на тренингот на Сините од Лондон во пресрет на тој
меч.
На францускиот
интернационалец Н’Голо
Канте му се слошило за време на последниот тренинг пред Сити, загубил свест за момент а неговите соиграчи
а воедно и медицинскиот тим имале брза реакција и му помогнале, по што тој бил
префрлен во болница.
Засега нема никакви
проблеми кај Канте, барем така покажуваат првичните прегледи кои биле извршени
над него по овој настан.