Според
информациите кои пристигнуваат, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го
одбила барањето на Лестер за регистрирање на
28 годишниот фудбалер од средниот ред, Адриен Силва, бидејќи англискиот клуб ја
испратил пријавата само 14 секунди по крајот на преодниот рок.
Лестер го доведе
Силва од Спортинг Лисабон за сума од 22 милиони фунти, договорот помеѓу обата
клуба беше постигнат на последниот ден во преодниот рок, но целата
документација не била средена навремено, по што следело доцнење во обврските
кон ФИФА, па Португалецот ќе може да настапува за Лестер дури од јануари.
„Заедно со Адриен
и Спортинг се обидуваме да ги решиме прашањата поврзани со регистрацијата на
играчи и ги разгледуваме сите опции за да најдеме решение“ изјави портпаролот
на Лестер.