Медиумите од Шпанија пренесуваат за необична ситуација со Хуан Круз од Леганес, кој размислува да земе породилно отсуство за да изнуди трансфер.
Фудбалерот на Леганес, Хуан Круз сака да направи трансфер ова лето и за неговите услуги интерес пројавија голем број клубови.
Се шпекулира дека Рајо, Мајорка, Осасуна, Селта, Алавес и уште неколку други клубови од Португалија го имаат фудбалерот во својот бележник.
Но до овој момент Леганес ги одбива сите понуди и инсистира да биде активирана неговата откупна понуда вредна 10 милиони евра.
Ваквиот став на Леганес придонесе најголемиот дел од клубовите да се откажат од Хуан Круз, но Рајо и Алавес и понатаму остануваат заинтересирани и се надеваат дека ќе се најде некакво решение пред крајот на летниот преоден рок.
Како што пренесува Марка, Хуан Круз размислува за досега невиден чекор во намерата да изнуди трансфер.
За разлика од вообичаената пракса кога фудбалерите одбиваат да тренираат и играат, Хуан Круз сака да земе породилно отсуство. Тој наскоро ќе стане татко, па има право да побара породилно отсуство и практично да ја пропушти цела сезона.
ФОТО: X/C.D. Leganés