Актерите на
дербито на Манчестер потфрлија, натпреварот заврши без голови, а за ова сигурно
заслуга има Жозе Мурињо и неговата дефанзивна тактика.
„Црвените Ѓаволи“
во најголемиот дел од средбата беа зад топката и повеќе се фокусираа на тоа
како да го сочуваат својот гол а не да го загрозат противничкиот.
Манчестер
јунајтед имаше само ТРИ шута, од кој еден во рамките на голот, оној на
Мхитарјан по грешката на Браво. Вториот шут заврши крај голот, а третиот беше
блокиран.
Според Опта,
гостите од Олд Трафорд имале посед на топката од 30,8%, најмалку на еден натпревар во
Премиерлигата откако Опта почнала да води статистика во сезоната 2003/04.
Секако, Жозе
Мурињо ќе се вади со „целта ги оправдува средствата“, тој има големи
проблеми со повреди и успеа од Етихад да си замине со бод.
Но фудбалските
љубители ја плаќаат цената и останаа разочарани од она што го видоа.