Дортмунд со ултиматум до Барселона за трансферот на Дембеле

by
1 минути читање

Барса го идентификува младиот Осман Дембеле како идеална замена за Нејамр, и откако Дортмунд го одби првиот предлог, Фрабнцузинот реши да не се појави на тренинг и да не одговара на повиците од Борусија.

„Милионерите“ не се предаваат лесно и денеска испратија ултиматум до Барселона.

Спортскиот директор, Михаел Цорк порача дека „Каталонците“ мора да ја платат сумата која тие ја бараат и тоа што поскоро.

„Знаеме каде е Дембеле и стапивме во контакт со него и неговите агенти преку членови на нашиот клуб“ – вели Цорк за Скај Спорт Германија.

„Имаме јасна идеја за тоа која сума ја бараме, и Барселона а и играчот го знаат тоа. Ако не бидат задоволени нашите барања, тој нема да биде продаден ова лето“.

„Исто така, нема шанси трансферот да го реализираме на 30 или 31. август“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани