Ливерпул и Борусија Дортмунд одиграа интересен меч на Интернационалниот куп на шампиони, на победата се радуваше поранешниот тим на Јирген Клоп.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога Ван Дајк скокна највисоко во шеснаесетникот на Дортмунд, постигна гол со глава за водство на Ливерпул од 1-0.
Во второто полувреме Американецот Пулишиќ влезе во игра и речиси сам го направи пресвртот.
Во 66. минута погоди од пенал за 1-1, и прекршокот беше направен врз него.
Течеше 89. минута кога по една добра акција и проигрување од Шмелцер, Пулишиќ реализира за комплетен пресврт и водство на Дортмунд од 2-1.
Во 93. минута Пулишиќ шутираше, голманот на Ливерпул одбрани, топката дојде до Ларсен кој погоди за конечни 3-1.