Дортмунд ќе му направи голема услуга на Челси, ќе ангажира дури четворица отпишани?!

by bojan
1 минути читање

Борусија Дортмунд и Челси се блиску до договор за трансфер на Карни Чуквуемека, но двата клуба водат преговори за уште три други имиња – Тарик Џорџ, Аксел Дисаси и Ренато Веига.

„Сините“ сакаат да се ослободат од неколку имиња до крајот на летниот преоден рок, не само што им се потребни финансии за балансирање на сметките, едноставно нема место за сите во составот.

А последните информации велат дека Борусија Дортмунд може да му направи голема услуга на Челси и да ангажира дури четворица од отпишаните.

Двата клуба ги финализираат преговорите за трансфер на Карни Чуквуемека вреден околу 22 милиони фунти (околу 25 милиони евра) и опипуваат терен за други три имиња.

„Милионерите“ се заинтересирани и за Тајрик Џорџ, Аксел Дисаси и Ренато Веига, па лесно може да се случи зделка каква што ретко се гледа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×