Дортмунд ја „распарчи“ УЕФА: Не третираа како автобусот да ни го удриле со лименка пиво, а не со бомби

by
1 минути читање

Во вторникот, на
пат кон стадионот, автобусот на Борусија Дортмунд беше мета на три експлозии, по кои повреден беше Марк Бартра, а тимот во голем шок.

Средбата беше одложена,
но само за 24 часа. „Милионерите“ и Монако вчера ги одмерија силите, а гостите
славеа со 2-3.

Томас Тухел не е
задоволен од ваквата одлука на УЕФА, вели дека европската куќа на фудбалот не
им дала доволно време за да се справат со драматичниот настан.

„Неколку минути
по нападот, единственото прашање кое се поставуваше беше „Дали сте подготвени
да играте?“
– вели тренерот
на Борусија Дортмунд.

„Не третираа како
атобусот да ни го удреле со лименка пиво, а не со бомби
.

„Се чуствувавме
беспомошно. Никој не го интересираше нашето мислење. Никој не не праша дали
можеме да играме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани