Дортмунд ја откри единствената причина поради која не се повлекле од Лигата на Шампионите

by
1 минути читање

Во вториникот,
автобусот на Борусија Дортмунд беше мета на три експлозии на пат кон стадионот
за дуелто со Монако во Лигата на Шампионите.

Средбата беше
одложена, но се одигра веќе следниот ден, неполни 24 часа по нападот.

„Милионерите“ се
пожалија дека никој не ги прашал дали можат да играат по шокот кој го претрпеле и обвинија дека УЕФА сама
донела одлука.

Генералниот
извршен директор, Ханс Јоаким Вацке сега открива дека во еден момент
размислувале и да се повлечат.

„Кратко време ја
разгледував опцијата дали да се повлечеме од Лигата на Шампионите или да
продолжиме да играме

вели првиот човек на Дортмунд.

„Но ако се
повлечевме, тоа ќе беше победа за напаѓачите
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани