Џејдон Санчо е
мета на неколку клубови од Премиерлигата и се верува дека Борусија Дортмунд
нема да може да одолее на богатите понуди кои ќе пристигнат летоска. Па
„милионерите“ полека се подготвуваат за заминување на Англичанецот и го
идентификувале Ансу Фати како негова замена.
17 годишното
момче, кое важи за еден од најголемите таленти во школата на Барселона, оваа
сезона покажа дека пред него е блескава кариера и импресионираше на натпреварите
на кои доби шанса поради големиот број на повреди.
„Каталонците“ не
сакаат да се откажат од Ансу Фати но се свесни дека на напаѓачот сега му е
потребна минутажа за да продолжи да напредува а со Дембеле и Суарез здрави,
плус Лео Меси и Гризман, а веројатно и Нејмар или Лаутаро Мартинез, тој ќе има
мала шанса за докажување следната сезона.
Затоа лидерите на
клубот од Камп Ноу се подготвени на компромис и ја оставаат вратата отворена. Сепак,
доколку Ансу Фати биде продаден, тоа ќе биде под еден услов односно Барселона
да добие опција и клаузула за да го врати напаѓачот во своите редови.