Бразилскиот фудбалски сојуз вчера официјално објави дека Доривал Жуниор заминува од клупата по дебаклот од 4-1 против Аргентина во квалификациите за Светското првенство.
Најмногу со клупата на Бразил во медиумите се поврзува стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелти, иако самиот повеќе пати ги демантираше таквите гласани.
Сега кога селекторската клупа на Бразил остана празна, Анчелоти повторно беше запрашан за можноста да ја преземе јужноамериканската репрезентација.
Италијанецот на прашањето одговори кратко и јасно.
„Не“, одговори Анчелоти сакајќи да стави до знаење дека во овој момент воопшто не размислува за такво нешто.
Новинарите сепак сакаа и дополнително објаснување.
„Имам договор со Реал Мадрид и тука нема што да се додаде. Ја почитувам бразилската репрезентација, фудбалерите и навивачите, но како што кажав под договор сум и тука се е јасно“, додаде италијанскиот стратег.