Дориев ја спаси Шкендија од пораз во Чаир, Силекс ја наполни мрежата на Беласица

by
1 минути читање

Шкупи одлично го отвори мечот против Шкендија, Дарбо Дембо постигна гол уште во шестата минута за водство од 1-0, а истиот играч пред крајот на првиот дел зголеми и на 2-0.

По 15 минути игра Љупчо Дориев со силен удар го постигна својот деби гол во дресот на Шкендија, а во 66. минута по негова асистенција Ахмеди погоди и ги постави конечните 2-2.

Силекс покажа дека неслучајно ќе ја претставува Македонија во квалификациите од Лигата на шампионите, тие денеска ја победија Беласица во Струмица со неверојатни 6-0.

Сите шест гола беа постигнати во второто полувреме, Ристов и Ѓуриќ постигнаа по два, по еден погодок дадоа Ивановски и Ѓорѓиев.

Македонија Ѓорче Петров со гол на Адем во судиското продолжение го победи Работнички со 2-1.

Претходно тимот од Ѓорче Петров поведе со погодок на Божиновски на пет минути пред крајот на првото полувреме, а Тодоровски во 55. минута изедначи на 1-1.

Пелистер со убав гол на Анес Хот ја победи Академија Пандев со 1-0.

Вчера Вардар загуби од Борец со 1-0.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×