354

Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев е во тимот на колото на узбекистанската лига откако даде два гола за својот тим Согдиана.
Македонецот беше двоен стрелец во поразот на неговиот тим од 3-2 од Навбахор. Дориев погоди во 14. и 76. минута.
И покрај тоа што неговиот тим загуби, тој се најде во тимот на колото.
