Дориан Бабунски е нов фудбалер на Сепси!

by riste
1 минути читање

Повремениот македонски репрезентативец, Дориан Бабунски брзо откако замина од Грасхоперс потпиша со нов клуб, се работи за романскиот Сепси.

Македонскиот фудбалер стави потпис на две ипол годишен договор со Сепси.

„Сепси ОСК го засили својот состав со нов напаѓач, Дориан Бабунски. 24-годишниот играч се обврза на договор со нашиот клуб во трајност од две ипол години“, стои во дел од соопштението на романскиот клуб.

Сепси во моментов е на седмото место во најдобрата лига во Романија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани