146
Манчестер јунајтед денеска од 16 часот го пречекува Волверхемптон во натпревар од Премиерлигата, а Сер Алекс Фергусон веќе е на Олд Трафорд.
Легендарниот стратег беше уловен од фотографите како пристигнува во храмот на Манчестер јунајтед.
Манчестер јунајтед планира да го прослави враќањето на Фергусон и затоа на навивачите им е кажано да не доцнат и да бидат на своите столчиња на 15 минути пред почетокот на мечот.


