Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека од прв ден ја почувствувал наклонетоста на навивачите откако беше извесен дека му се подготвува изненадување во сабота.
Во последно време се почесто има гласини дека ова ќе биде последната сезона на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, договорот на стратегот завршува во јуни 2025 и во моментов нема никаков абер за продолжување на соработката.
На денешната прес конференција, стратегот беше известен дека навивачите подготвуваат изненадување, односно во сабота на мечот со Фулам, ќе биде истакната парола на која ќе пишува „Пеп Гвардиола, сакаме да останеш“.
Пораката ќе биде испишана на каталонски јазик и за оваа цел се собрани повеќе од 1.000 фунти.
„Нека ми ја донесат сметката, јас ќе платам“ – вели Пеп Гвардиола.
„Што да кажам? Ви благодарам многу, уште од првиот ден ја чувствувам наклонетоста на навивачите“.
Запрашан дали ќе остане во Сити, тој одговори: „Не сакам да зборувам за ова, она што треба да се случи, ќе се случи“.