1,2K
„Донбас Арената“ во 2009 година беше промовирана и отворена на перфектен начин. На овој стадион се играа натпревари од Европското првенство во 2012, меѓутоа веќе една деценија не се игра фудбал.
Стадионот кој вреди речиси 400 милиони евра последен пат беше активен на 2 мај 2014 година кога Шахтјор го одигра последниот меч на овој терен. Оттогаш клубот од Доњецк се селеше во повеќе други градови.
Кога се отвори „Донбас Арената“ важеше за еден од најубавите стадиони во источна Европа со многу интересни капацитети.
Веќе една деценија овој стадион е празен, еднаш беше погоден од ракета, а сега се верува дека е нефункционален во целост.