Eден од најдобрите светски голмани, Џанлуиџи Донарума во последните моменти од преоднниот рок премина од ПСЖ во Манчестер ити.
„Граѓаните“ за него платија 35 милиони евра и Донарума така стана седмото и последно засилување за Манчестер сити во овој преоден рок.
Очекувањата се Италијанецот веднаш да ја преземе улогата на прв голман. Во Франција го носеше дресот со број „еден“, но во иднина бидејќи Трафорд го носи тој број, а сезоната веќе започна ќе мора да избере друг.
Првобитно Донарума сакал дтоа да биде 99, број кој го носеше во Милан и во ПСЖ до промената.
Иако, фудбалерите можат да носат било кој број помеѓу 1 и 99, Премиер лигата сака тие да бираат „нормални“ броеви. Понекогаш постојат исклучоци како Џејмс Мекти во Сити кој го носеше бројот 87 пред да премине во Нотингем, сепак фудбалерите од академијата се исклучок.
Така Донарума морал да избере број приближно до највисокиот пред него, па така се одлучил за „25“. Овој број го означува датумот на раѓање на италијанскиот чувар на мрежата.