Донарума се збогува со ПСЖ: Некој одлучи да не бидам дел од овој тим повеќе!

by riste
1 минути читање

Италијанскиот голман, Џиџо Донарума со емотивно писмо се збогува од навивачите и соиграчите на ПСЖ и кажа дека си оди бидејќи некој решил дека тој не треба веќе да биде прв голман.

Донарума не е дел од составот за мечот од Супекупот на УЕФА, а тоа значеше и дефинитивно крај на престојот на Италијанецот во ПСЖ. Се очекува во наредниот период тој да направи трансфер. Доколку не замине ова лето, ќе си оди наредното како слободен играч

„Од првиот ден кога дојдов, давав се од себе на теренот и надвор од него за да го заработам моето мести и да го бранам голот на ПСЖ. За жал некој одлучил дека не треба повеќе да бидам дел од групата и да допринесувам за успех на тимот. Јас сум разочаран и обесхрабрен“, пишува Донарума.

„Се надевам дека ќе имам можност уште еднаш да ги погледнам фановите во очи на Паркот на Принцовите и да им кажам збогум како што треба. Доколку тоа не се случи, сакам да знаете дека важата поддршка и приврзаност ми значи цел свет на мене, никогаш нема да ја заборавам. Секогаш ќе ги носам спомените и сите емоции, магичните ноќи со вас кои направивте да се чувствувам како дома“.

„До моите соиграчи, второто семејство, ви благодарам за секоја битка, секоја шега, секој момент кој сме го споделиле. Секогаш ќе бидете мои браќа. Играњето за овој клуб и живеењето во градот беше огромна чест за мене. Ти благодарам Париз“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×