279
„Скај Спорт Италија“ пишува дека Интер сака да потпише со Џиџо Донарума од ПСЖ.
Интер сака да купи нов голман бидејќи Јан Зомер веќе има 36 години и неговите перформанси оваа сезона не се добри како минатата.
Донарума е под договор со ПСЖ до јуни 2026 години и неговата позиција кај Луис Енрике не е забетонирана како што сака Италијанецот.
Според познатиот италијански новинар на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио, веќе имало контакт меѓу Интер и претставниците на Донарума.
Работата е уште во почетна фаза, нејасно е како размислува ПСЖ, но Интер почнал мисија за ангажман на Донарума.