Донарума по стапките на Хамшик, ќе му даде клоца на Рајола?!

by
1 минути читање

18 годишниот
Италијанец одби да го продолжи договорот со Милан, но изминатите неколку дена се
говори дека Џиџо Донарума би можел да се премисли.

Последните
информации велат дека има несогласување помеѓу семејсвото на голманот и
агентот.

Се верува дека
самиот Џиџо Донарума и неговите родители сакаат продолжување на соработката со
„Росонерите“, но Мино Рајола преферира трансфер во Реал Мадрид.

Па поради овие
несогласувања, фудбалерот би можел да му даде клоца на контроверзниот агент.

Еден ваков потег
на Џиџо Донарума сигурно одново ќе ги освои срцата на фановите на Милан, кои го
гледаат Мино Рајола како главен виновник за сите проблеми кои настанаа.

Евентуалниот
отказ нема да биде прв за Рајола, агентот доби клоца и од Марек Хамшик поради
тоа што во неколку наврати се обиде да го пресели во друг клуб, а Словакот не
сакаше да слушне за заминување од Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани