43
Џиџо Донарума не го крие разочарувањето од вчерашниот пораз од Босна и Херцеговина по кој Италијанците пропуштаат и трето Светско првенство по ред.
Донарума веќе со години е еден од најдобрите голмани во светот, но никогаш досега не бранел на Светско првенство бидејќи Италија последен Мундијал на кој играла беше во 2014 година.
„Минатата ноќ, по мечот, плачев. Денеска, зборовите немаат никаква смисла, тоа е точно. Но има една работа која длабоко ја чувствувам и сакам да ја споделам со вас… по такво големо разочарување, мора да најдеме храброст и да свртиме нов лист, уште еднаш. И за тоа потребна е многу сила, пасија и убеденост“, рече Донарума.