318
Во самиот финиш од преодниот рок, Џиџо Донарума се пресели во Манчестер Сити, а неговото деби може да се случи викендов на големото градско дерби против Манчестер јунајтед.
Тој вели дека е пресреќен поради направениот трансфер во Манчестер Сити.
„Манчестер Сити отсекогаш ме фасцинирал. Многу сум горд што дојдов во овој клуб“, вели Донарума.
„Да бидете трениран од Пеп Гвардиола е најдобрата работа што може да му се случи на еден фудбалер. Пеп навистина ме сакаше и јас сум горд на тоа“.
„Сакам да креирам историја со Манчестер Сити, да ја освојам Лигата на шампионите и и многу други трофеи. Овој клуб е фантастичен“.