Голманот на Манчестер сити, Џанлуиџи Донарума, е на чекор до неславен рекорд во Премиер лигата, откако изминатиот викенд го заработи својот четврти жолт картон во само десет одиграни натпревари. Италијанскиот репрезентативец беше опоменат поради приговор кон судијата во финишот од дуелот со Лидс и тоа беше негов трет картон поради приговор, а четвртиот го доби за задржување на време..
Донарума е сега е на само еден картон во следните шест натпревари од тоа да стане првиот голман во историјата на Премиер лигата суспендиран поради пет жолти картони. За да го избегне овој неславен рекорд, мора да издржи без нов картон до половината на сезоната, кога престанува важноста на казната за акумулирани опомени.
Тренерот Пеп Гвардиола застана зад својот чувар на мрежата. Потврди дека верува дека Донарума ќе се прилагоди на англиските арбитри. Иако не беше расположен за подолги одговори на прес-конференцијата, кусо порача дека нема потреба од дополнителен разговор со него, додавајќи дека 26-годишниот голман е „доволно зрел“ сам да сфати што треба да промени.