1,4K
Голманот на ПСЖ, Џиџо Донарума престојното лето треба да донесе одлука за својата иднина, а повеќе големи клубови го сакаат неговиот потпис.
Според италијанските медиуми, Донарума има пет опции. Првата и најреална е да потпише нов договор со ПСЖ.
Но, Италијанецот ако одлучи да не го одбере ПСЖ и да замине од францускиот клуб, има одлични опции.
Наводно, Интер, Баерн Минхен, Манчестер Сити и Јувентус се клубовите кои се заинтересирани за него.
Донарума има договор со францускиот клуб до јуни 2026 година, па ако одлучи да замине, ПСЖ ќе треба да го продаде со цел да не ризикува да го загуби беспари следното лето.