Донарума ќе стави потпис на нов договор со Милан, но ќе добие специјална клаузула

by
1 минути читање

18 годишниот
Италијанец овој месец на маса имаше нов договор од Милан и годишна плата од 5
милиони евра, но Џиџо Донарума ги извести „Росонерите“ дека нема да ја продолжи
верноста.

Голманот подоцна
се предомисли, и во последните неколку дена често се говори дека тој ќе остане на
Сан Сиро.

Според Кадена
Копе, новиот договор на Џиџо Донарума ќе биде само привремено решение.

Радио станицата
од Шпанија вели дека Џиџо Донарума во скоро време ќе стави потпис на нов
договор во кој ќе има специјална откупна клаузула.

Голманот во 2018
ќе може да замине во Реал Мадрид за пристојна сума.

Останува да се
види дали има вистина во ваквите стории, се верува дека одбивањето на Милан да
вметне откупна клаузула во новиот договор беше една од причините поради кои двете страни никако не можеа да си подадат рака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани