Донарума и Милан си подале рака, голманот добива две откупни клаузули

by
1 минути читање

Милан и Донарума постигнале согласност за нов договор, фали уште потписот на голманот за официјална промоција.

Откупната клаузула која беше една од пречките во преговорите компромисно е договорена од двете страни. Таа ќе изнесува 100 милиони евра доколку Милан успее да се квалификува во Лигата на шампионите, а доколку не настапува во елитното натпреварување Донарума ќе може да си замине за 50 милиони евра.

Договорот има и финансиско подобрување во однос на последната понуда на Милан, па така голманот ќе заработува шест наместо пет милиони евра годишно. 

Џиџо успеал да издејствува и враќање на неговиот брат во клубот, Антонио Донарума кој исто така излезе од младинскиот погон на Милан.

Платата од шест милиони евра годишно ќе го направи Донарума трет најплатен играч во Серија А.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Донарума одбил понуда од ПСЖ со 13 милиони евра годишна плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани