„Франс Фудбал“ го објави списокот од десет голмани кои ќе конкурираат за наградата „Лав Јашин“.
Ова престижно признание лани го доби Емилијано Мартинез кој повторно е на листата, а сега прв фаворит е Џанлуиџи Донарума.
Освен нив на списокот се Боно, Шевалие, Куртоа, Облак, Раја, Бекер, Селс и Зомер.
- Перформансот на конкурентите за најдобар голман:
Алисон Бекер (Ливерпул) – 40 натпревари, 35 примени голови, 14 пати ја сочува мрежата
Јасин Боно (Ал Хилал) – 56 натпревари, 62 примени голови, 20 пати ја сочува мрежата
Лукас Шевалие (Лил) – 48 натпревари, 53 примени голови, 13 пати ја сочува мрежата
Тибо Куртоа (Реал Мадрид) – 54 натпревари, 66 примени голови, 17 пати ја сочува мрежата
Џанлуиџи Донарума (ПСЖ) – 55 натпревари, 55 примени голови, 18 пати ја сочува мрежата
Емилијано Мартинез (Астон Вила) – 61 натпревар, 67 примени голови, 19 пати ја сочува мрежата
Јан Облак (Атлетико Мадрид) – 57 натпревари, 58 примени голови, 22 пати ја сочува мрежата
Давид Раја (Арсенал) – 60 натпревари, 52 примени голови, 22 пати ја сочува мрежата
Матс Селс (Нотингем Форест) – 45 натпревари, 53 примени голови, 15 пати ја сочува мрежата
Јан Зомер (Интер) – 53 натпревари, 55 примени голови, 22 пати ја сочува мрежата
Најдобриот голман за минатата сезона ќе биде одбран на церемонијата во Париз на 22 септември.