Донарума е лош губитник: Сакаше да се тепа по поразот, го смируваа повредениот Џеко и легендата Бонучи (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Италија повторно остана без настап на Светско првенство и ќе мора да чека најмалку уште четири години за нова шанса на најголемата сцена, откако „аѕурите“ беа елиминирани по пенал-драма во Зеница од Босна и Херцеговина.

Фрустрацијата кај Италијанците беше очигледна веднаш по последниот удар од белата точка. Голманот Џанлуиџи Донарума не можеше да ги сокрие емоциите, па влезе во вербални конфликти со неколку противнички фудбалери. Ситуацијата можеше да ескалира, но беше смирена откако во мешаницата се вмешаа Един Џеко и италијанската легенда Леонардо Бонучи.

Овој пораз сигурно уште долго ќе биде болна тема за Италија, која третпат по ред не успева да се пласира на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×