Серија А во
средата доби зелено светло групните тренинзи да почнат од 18. мај, но 24 часа
подоцна клубовите се побунија за протоколот кој беше договорен помеѓу владата и
Фудбалската федерација на Италија.
Спорни се неколку
точки, односно тоа што сите фудбалери, тренери и персоналот мора да заминат во
карантин од две недели доколку некој е позитивен на коронавирус. Клупските
доктори исто така не сакаат да сносат правна одговорност доколку некој фудбалер
се зарази.
Шефот на
лекарскиот тим на Фиорентина, Лука Пенге сега повикува на претпазливост, тој беше
еден од позитивните на Ковид 19 и на своја кожа осети колку е опасен коронавирусот.
„Коронавирусот ќе
остави лузни кај заразените кои ќе поминат само со тек на време. Преживеав кошмар. Се бориме против противник кој не можеме да го видиме, затоа треба да ги
поставиме сите можни мерки на претпазливост“ – вели докторот Лука Пенге.
„Фудбалерите се
само луѓе, па не можеме да претпоставиме дека коронавирусот ќе нема никаков
ефект врз нив. На пример, јас сум млад, но завршив во болнички кревет и се
борев за мојот живот. Не треба да ја потцениме ситуацијата“.
Фиорентина беше
еден од најпогодените клубови, во моментов, шест членови на „виолетовите“ се
водат како позитивни.
„Сите се во добра
здравствена состојба, сите беа асиметрични, и прилично шокирани кога тестовите
се вратија позитивни. Продолжуваме да ги мониторираме. Не само што треба да го
заштитиме здравјето на фудбалерите, треба да го заштитиме и здравјето на сите
оние кои се во нивна близина и во фудбалот. Треба да одредиме протоколи кои се строги
но спроведливи“.