Докторите зачудени од коленото на Ибрахимовиќ, сакаат да го проучуваат

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ имаше успешна операција на коленото во Питсбург. Ситуацијата на коленото била многу подобра отколку што се очекувално.

„Златан ја започна рехабилитацијата во болницата и ќе биде следен од Др. Фу и Др. Мусахл“ – вели Раиола.

„Неговото колено е толку силно што докторите рекоа дека никогаш не виделе нешто слично. Велат дека речиси било невозможно коленото да биде во таква состојба на фудбалер со 20 годишна кариера“.

„Кога ќе ја заврши кариерата докторите сакаат да го видат пак и да го проучуваат неговото колено. Тие работат во најдобрата институција во која се проучуваат колена и лигаменти. Сакаат да напредуваат и затоа се подобри од сите други“.

„Кога ќе заврши кариерата на Златан, ќе се вратиме таму и ќе дозволиме да ги проучат неговите лигаменти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани