„Доколку замине во Реал Мадрид, тој ќе има конфликти дури и со Зизу“

by
1 минути читање

Френк Сале,
човекот што одигра клучна улога во откривањето на талентот на Пол Погба, верува
дека ѕвездата на Манчестер јунајтед ќе има проблеми доколку во иднина игра под
кормилото на неговиот сонародник од клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Францускиот
репрезентативец подолг период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, така беше
и во овој летен преоден рок, а Сале, кој е на челната позиција за регриторање
вп француски Ле Авр, во изјава за „Оптус Спорт“ вели дека не е сигурен дека
Погба би имал добри релации со тренер кој има силен карактер.

Доколку Погба
има тренер со силен карактер околу него, со текот на времето ќе дојде до судир

тврди Сале.

Кога тој си
замина во Јувентус пред неколку години, ситуацијата со Алекс Фергусон беше исто
многу комплицирана, Погба не попушта поради тоа што има силен карактер, па
така, кога вели дека ќе си замине, тоа значи дека ќе си замине
“ додава тој.

Доколку отиде во
голем клуб како Реал Мадрид, тој ќе има конфликти дури и со Зизу
“ заклучи Сале.

Во меѓувреме,
Погба се чини го привлекува гневот кај навивачите на Манчестер јунајтед, па
така неговото име беше испишано со јасна порака на една табла на патот кон
тренинг центарот на клубот во Карлингтон, на која фудбалерите се предупредуваат
дека не им е дозволено да застануваат и да делат автограми поради опасност на
патот.

Погба аут“, беше
пораката која беше испишана на таа табла покрај патот…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/SvcC1SYy0C

Можно е и ова да ти се допаѓа

×