Доколку Винисиус ги одбере милионите на Арапите, Реал Мадрид ќе реализира нов „галактико“ трансфер

by bojan
2 минути читање
Винисиус Жуниор

Новинарот Флоријан Плетенберг вели дека Реал Мадрид ќе го ангажира Ерлинг Халанд доколку Винисиус Жуниор реши да ги одбере милионите од Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија сака да го направи Винисиус Жуниор новата ѕвезда во Сауди Про лигата, и често се говори дека на адреса на Реал Мадрид ќе пристигне рекордна понуда.

За Бразилецот пак е подготвен договор тежок фантастична 1 милијарда евра.

Неодамна беше објавено дека Винисиус Жуниор не е многу привлечен од идејата да помине пет години во Саудиска Арабија, и бара пократок договор, односно соработка на две години, нешто што не одговара на другата страна, која смета дека во зделката се инволвирани премногу пари за таа да биде краткорочна.

Новинарот Флоријан Плетенберг вели дека од она што го дознал преку разговор со директори и агенти кои имаат директна или индиректна поврзаност со Реал Мадрид, и понатаму има простор за реализација на една ваква зделка и Арапите сонуваат за „трансфер бомба“ и ангажман на Винисиус Жуниор.

„Кралевите“ исто така имаат план Б во случај напаѓачот да замине и ќе го донесат Ерлинг Халанд како ново „галактико“ засилување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани