Се чини дека Ливерпул и дефинитивно ќе остане без својот најдобар фудбалер за оваа сезона,откако се појавија нови детали кои укажуваат на тоа, па така Јирген Клоп веќе
бара идеални решенија за да ја пополни дупката по заминувањето на Бразилецот.
Медиумите на
Островот пренесуваат дека прв пик на Клоп е Лоренцо Инсиње од Наполи, а 26
годишниот офанзивец во Ливерпул би
требало да пристигне за сума од 60 милиони фунти.
Минатата сезона
Италијанецот постигна 20 погодоци за Наполи кој заврши на третото место во
Калчолигата.
Се’ зависи од исходот од преговорите помеѓу
Ливерпул и Барселона во однос на Кутињо, доколку „Редсите“ добијат 100 милиони
фунти за Бразилецот, тогаш имаат повеќе варијанти со кои ќе можат да договорат
идеално засилување за тимот кој почна со реми (3-3) на гостувањето кај Ватфорд
во воведното коло од Премиерлигата.