152
Рома во новата
сезона од италијанската Серија А тргна со минимална победа од 0-1 на гостувањето
кај Торино, но, синоќа се „сопна“ на домашен терен од Аталанта играјќи 3-3 во
мошне возбудливото реми на Олимпико.
Домаќините
први поведоа уште во 2. минута од средбата, а потоа следеа три гола на гостите
по кои тимот на Ди Франческо мораше со крајни напори да се спасува од пораз, а
водечкиот гол во раната фаза од мечот, дело на Пасторе беше вистинска
мајсторија…
CHE GOL! PASTORE!!!!! GOOOOOOL pic.twitter.com/pgJbFgwwBn
— RomaPress (@ASRomaPress) August 27, 2018
За Пасторе ова беше дебитантски гол во дресот на Римската волчица во неговиот втор меч во Серија А во новата сезона.