Не е тајна дека
дел од фудбалерите на Барселона ја загубија довербата во Ернесто Валверде,
веројатно истото се мисли и на фановите на каталонскиот гигант, особено по
разочарувачкиот старт во новата сезона во Примера.
Веќе се шпекулира
дека столчето на Валверде во Барселона е занишано, па така низ медиумите се
пишува околу неговиот потенцијален наследник, еден од нив секако е легендата на
клубот, Чави, кој во моментов е шеф на стручниот штаб на Ал-Сад во Катар.
„Дејли Мејл“
пишува дека во случај Чави да го преземе кормилото во Барселона, тој во ѕвездата
на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг гледа перфектно засилување за да донесе
позитивни промени во резултатите на Каталонците.
Англискиот
репрезентативец од поодамна е желба на Реал Мадрид, меѓутоа истата е доста
скапоцена, од Манчестер Сити засега немаат никаква намера да се ослободат од
неговите услуги, особено не по новиот договор за фудбалерот кој има важност до
2023. година, а со кој Стерлинг неделно заработува фантастични 300,000 фунти.
Како и да е, тоа
нема да ја сопре Барселона во обидот да дојде до потписот на Стерлинг, а извори
за „Дејли Мејл“ тврдат дека Чави има нескриена желба да го има Англичанецот во
своите редови, а доколку тој го преземе кормилото на клубот, од Барселона
сериозно ќе се активираат на таа негова трансфер желба.