Доколку еден фудбалер биде позитивен на коронавирус, Серија А нема да продолжи

by
1 минути читање

Екипите во Италија ќе почнат со индивидуални тренинзи од 4 мај, а веќе од 18 мај ќе можат да тренираат и во групи. Таков е планот, но тој може да биде променет во зависност од ситуацијата. 

„Со тимски тренинзи ќе почнеме од 18 мај, но само доколку условите за безбедност можат да бидат потврдени во наредните недели“, вели министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора.

„Протоколите се строги, Фудбалската федерација синоќа на комитетот од стручни лица им го презентираше протоколот, но тој не беше во целост прифатен. Потребно е да се направат и некои промени па да се види дали ќе продолжи фудбалот или не“.

„Некои првенства веќе прекинаа, но се надевам дека тоа нема да се случи и со Серија А, притисокот за продолжување е голем поради економскиот аспект“.

„Проблем е што само ако еден фудбалер биде тестиран за позитивен на Ковид-19 сезоната нема да може да продолжи. Па нема гаранции што ќе се случува“.

Ако еден фудбалер е позитивен ќе треба целиот тим да оди во изолација, а ако сезоната веќе е почната во карантин треба да одат и играчите на противничкиот тим, па јасно е дека сите цело време треба да бидат негативни на коронавирус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×