Пауло Дибала е на
излезна врата од Јувентус, тој можеби одби преселба во Манчестер јунајтед и
најверојатно ќе му пропадне трансферот во Тотнем, но се очекува до почетокот на
септември да се појават нови опции како ПСЖ и Интер.
Доколку
Аргентинецот замине од Торино, Кристијано Роналдо советува да биде донесен
Хамес Родригез како негова замена. Ова не е прв пат да се појавуваат гласини
дека ЦР7 бара одредени играчи. Оваа недела веќе се појавија стории дека
Португалецот го преферира Мауро Икарди за партнер во нападот а не Ромелу
Лукаку.
Кристијано Роналдо и Хамес Родригез се во прилично добар однос од времето
поминато во Реал Мадрид, а поседуваат и ист агент, Жорж Мендеш. Сепак,
последниве написи треба да се земат со доза на резервираност, со оглед на тоа
дека медиумите од Шпанија своите стории ги базираат на оние кои доаѓаат од
Италија и обратно, медиумите од Италија пренесуваат дека во Шпанија се пишува
за новата желба на ЦР7.