„Доколку Барса вчера играше против Интер, а не против Дортмунд, ќе примеше три гола!“

by bojan
1 минути читање

Легендарниот Звонимир Бобан вели дека Интер лесно ќе искористи офанзивната игра на Барселона и високо поставената одбрана која ја практикуваат „каталонците“.

Барселона синоќа со 4-0 славеше против Борусија Дортмунд и уште еднаш потврди дека е еден од главните фаворити за триумф во Лигата на шампиони.

Противник во полуфинале ќе им биде подобриот од пресметката помеѓу Баерн Минхен и Интер, каде „нероаѕурите“ имаат предност од 1-2 по првиот натпревар во Минхен.

Легендарниот Звонимир Бобан смета дека Интер може да и создаде многу проблеми на Барселона, особено доколку Ханси Флик продолжи да игра со високо поставена одбрана.

„Доколку Интер вчера играш на Монжуик место Борусија Дортмунд, сигурно ќе постигнеше три гола. Ова јасно го гледам од начинот на кој играат „нероаѕурите“ и како го искористуваат празниот простор“ – вели Хрватот во својата анализа.

„Мислам дека Интер може да и создаде многу проблеми на Барселона. Да, можеби и Барса ќе постигне три гола, но Интер ќе имаше добар резултат во пресрет на реваншот“.

„Доколку двата клуба продолжат понатаму и Барселона игра вака офанзивно, Интер ќе им создаде многу проблеми. Доколку Барса продолжи да игра со високо поставена одбрана и остава простор, Интер ќе знае како да го казни тоа. Ако се сретнат во полуфинале, сигурен сум дека Барса ќе го промени пристапот, ќе биде многу повнимателна и ќе се брани многу поразлично од начинот на кој се бранеше против Борусија Дортмунд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани