Докази дека ЕВРО 2020 се одложува, УЕФА ги откажала хотелите во Копенхаген

by
1 минути читање

На агендата на
УЕФА денеска е состанок со асоцијацијата на клубови, асоцијата на првенства, асоцијацијата
на фудбалери, со земјите членики, а откако ќе завршат консултациите, ќе има
средба на извршниот комитет.

Ќе се решава за
иднината на ЕВРО 2020 како и продолжението од сезоната откако Европа и светот е
погоден од пандемија на коронавирус. На сите им е јасно дека континенталниот
собир не може да се одржи летоска и се чини дека веќе е донесена одлука за
одложување на ЕП.

Медиумите од
Данска пишуваат дека УЕФА ги откажала резервациите на хотелите во Копенхаген,
еден од градовите домаќини. Откажани се собите резервирани за членовите на
репрезентациите како и за преставниците на европската куќа на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×