Тијаго Мота синоќа доби отказ од Јувентус, и иако поминаа речиси 24 часа, само еден фудбалер на „старата дама“ јавно се поздрави со стратегот.
По многу шпекулации, Тијаго Мота синоќе беше разрешен од клупата на Јувентус и на негово место беше назначен Игор Тудор.
Лошите резултати не беа единствениот проблем, се говореше дека Тијаго Мота има нарушен однос со фудбалерите и многу несреќни имиња во соблекувалните како Душан Влаховиќ, Андреа Камбијасо и Федерико Гати.
Дека имало нетрпеливост говори и тоа што само еден фудбалер на Јувентус јавно се огласи и се поздрави со стратегот.
„Ти благодарам за се. Ми покажа огромна доверба од самиот старт и ми помогна да ми се оствари дел од сонот, барем оној најважниот дел. Од првиот ден покажа дека го сакаш најдоброто за нас, па ти посакувам се најдобро во иднина“ – напиша на социјалните мрежи младиот Мбангула, кој доби шанса од Тијаго Мота уште во првото коло оваа сезона и имаше магично деби со гол против Комо.