Доказ колку беше ладно во САД: Замрзна брадата на Жиру (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Teшки беа условите за игра во САД каде што изминатата вечер започна сезоната во МЛС лигата, а тоа на своја кожа го почувствуваа и некои познати имиња од европскиот фудбал.

Лионел Меси играше на екстремно ниски температури и донесе победа со својот гол за Интер Мајами против Канзас Сити, но не му беше лесно и на Французинот Оливие Жиру.

Поранешниот француски репрезентативец го привлече вниманието поради сцената во која неговата брада е замрзната поради минусните температури.

Жиру настапи во поразот на Лос Анџелес ФК на гости кај Колорадо од 2:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани