1,5K
Фудбалскиот клуб Дојранско Езеро доживеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Рудар од кого загуби убедливо со 7-0 во дуелот од 10. коло во Третата лига – Исток.
Тимот од Нов Дојран го започна мечот со играч сс девет фудбалери што уште од самиот старт ја отвори вратата за доминација на домаќините. До паузата примија три гола, а во второто полувреме мрежата на Дојранско Езеро беше затресена уште четирипати, за конечни 7-0.
Со овој пораз, Дојранско Езеро останува заковано на дното со само четири освоени бода, додека Рудар со триумфот се искачи на седмата позиција и сега има вкупно 11 бодови.