Македонската фудбалска репрезентација ја чека нов предизвик во баражот за Светско првенство, гостување кај Данска во Копенхаген.
„Црвено-жолтите“ влегуваат во овој циклус со нов селектор, Гоце Седлоски, кој нема многу време за промени и ќе се потпре на веќе проверениот костур на тимот. Во составот има неколку нови имиња како Имран Фетаи, Дани Мусовски и Себастијан Херера, а се враќаат и Бобан Николов, Љупче Дориев и Егзон Бејтулаи. Од другата страна, Данците имаат проблеми во одбраната и ќе настапат без неколку стандардни играчи, но главни адути остануваат Кристијан Ериксен и Расмус Хојлунд.
Македонија до баражот стигна со добри игри во Лигата на нациите, иако последниот впечаток од квалификацискиот циклус беше тежок пораз од Велс со 1-7 во Кардиф. Што се однесува до противникот, тие испуштија две шанси против Белорусија и Шкотска да си обезбедат виза за Мундијалот директно, па место ќе бараат преку баражот.
Традицијата е благо на страната на Македонија против Данска, вклучувајќи ја и победата од 3-0 во Скопје во 2013 година, што дава дополнителен мотив пред овој важен натпревар. Претходно во далечното минато и во претходниот милениум ремизиравме во Скопје (1-1), па загубивме на гости (1-0).
Овојпат патот до Мундијалот не изгледа невозможен како во претходниот бараж кога налетавме на Италија и Португалија. Сепак, јасно е дека ќе биде тешко бидејќи и Данска е селекција која е меѓу најдобрите десетина во Европа.