Трент Александар Арнолд повторно е во центарот на вниманието во Шпанија, но од погрешни причини. Англискиот бек кој летово пристигна во Реал Мадрид се уште не може да ја фати вистинската форма по повредата што го оддалечи од терените подолг период, а критиките стануваат сè погласни.
Најостро реагираше „Марка“, медиум кој важи за близок до клубот. Познатиот новинар Алфредо Релањо во својата колумна жестоко го критикуваше Арнолд.
„Сега кога е Трент тука изгледа како неспособен и безвреден играч. Во отворена игра како да не постои. На натпреварот со Жирона му подари гол на противникот со лошо додавање, а неговите центаршути беа непрецизни“ напиша Релањо.
Критиките само се зголемија бидејќи Реал на последните три лигашки дуели одигра три ремија и не успеа да стигне до победа.