Дојде во Монако како големо засилување а имаше кошмарно деби, прими гол низ нозе од 30 метри (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лион ја отвори
новата сезона во Лига 1 со лесна победа на стадионот „Луј Втори“. Избраниците
на Силвињо си заминаа од Монако со три бода и триумф од 0-3 со головите на Дембеле,
Депај и Тусар.

За домаќините,
мечот по добро нема да го паметат Сеск Фабрегас и голманот Бенжамин Лаком.
Шпанецот заработи црвен картон по половина час игра, а Французинот пет минути
подоцна прими пацерски гол.

Бенжамин Леком
дојде како големо засилување откако во дресот на Монпеље се промовираше во еден
од подобрите голмани во Франција. Сепак тој вечерва прими гол низ нозе од 30
метри по шутатот од далечина на Депај кој не требаше да преставува опасност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×