„Дојде правиот момент!“ – Чаби Алонсо соопшти дека го напушта Баер Леверкузен

by bojan
1 минути читање

Пристигна официјална потврда, Чаби Алонсо соопшти дека го напушта Баер Леверкузен на крајот од сезоната.

Чаби Алонсо попладнево соопшти дека заминува од Баер Леверкузен, ова следува откако утринава голем број на извори го најавија стратегот за нов тренер на Реал Мадрид.

„Оваа недела со клубот се договоривме дека последните два натпревари од сезоната ќе ми бидат последни како тренер на Баер Леверкузен“ – рече Шпанецот на средбата со новинарите.

„Ова е правиот момент за да се соопшти одлуката“.

Стратегот сепак одби да потврди дека ќе седне на жешкото столче на „кралевите“: „Ова не е моментот кога треба да зборувам за иднината“.

Како што брифираа медиумите, Чаби Алонсо на утринскиот тренинг имал емотивен говор пред целиот состав на Баер Леверкузен и ги известил дека „циклусот кој го започнале е на крајот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×