Дојде и тој момент: Пол Погба е конечно подготвен пак да заигра фудбал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пол Погба конечно е подготвен да заигра и повторно да се претстави во вистинско светло, откако ги надмина повредите и му се стави на располагање на тренерот на Монако.

Французинот е надвор од терените уште од септември 2023 кога како играч на Јувентус беше суспендиран по позитивен допинг тест. По раскинувањето на договорот со Јуве тој во јуни се пресели во Монако, каде што доби специјална програма за враќање во форма. Серијата повреди го одложи неговиот камбек, но тој проблем конечно е зад себе.

Л’Екип објави дека Погба е целосно подготвен и последниве денови тренира со остатокот од екипата. Тој добил зелено светло за деби за првиот тим.

Монако викендов игра со Рен и се очекува Погба да започне од клупата, а во второто полувреме да добие минути со што ќе го означи својот камбек по пауза од дваесет и шест месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×